Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија оваа недела ќе ги игра двата најважни дуели од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.
Во рамките на 3. и 4. коло, избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ќе се соочат со репрезентацијата на Белгија, ривал против кого е клучно да се забележи позитивен резултат за да останеме во игра за пласман на континенталниот собир
Првата пресметка е закажана за утре, со почеток од 20:10 часот во спортската сала „Алверберг“ во Хаселт. Реваншот е на 7 март во Куманово.
Цените на билетите за утрешниот дуел се 20 евра за лица над 16 години, додека за деца под 16 години влезот чини 10 евра.
Покрај стандардните билети, во понуда е и т.н. „Belgian Café“ билет, кој покрај влез на натпреварот овозможува и дополнителни привилегии во специјално организирана зона со угостителска понуда.
Повеќе инфо за билетите на овој ЛИНК.