Младинското дерби во Куманово без победник, Јовановски на чекор до 150 гола

148

Со дерби дуелот меѓу Куманово и Бутел беше комплетирано 16. коло во младинската лига во машка конкуренција, во која свои тимови имаат осум суперлигаши и два прволигаши.

Драмата во Куманoво заврши без победник (30:30), откако и двете екипи во последната минута реализираа од пенал. Најпрво, тоа за гостите од Бутел го направи Давид Јаневски, а домаќините добија пенал во последната секунда, а реализитор беше Тино Стојановски, кој постигна 13 погодоци.

Кај гостите, со девет погодоци, се истакна Христијан Гурмешевиќ, играч кој добива минутажа и во сениорскиот тим, откако пристигна како засилување во зимскиот преоден рок.

На победа во 16. коло се радуваа уште Пролет, Мулти Есенс, Алкалоид и Еурофарм Пелистер, кој го доби битолското дерби против ,,двојката”.

Иако младинскиот тим на Вардар Неготино сè уште нема освоено бод, сепак засега го има најдобриот стрелец во лигата – Јован Јовановски.

Талентираниот Јовановски на 15 одиграни натпревари има постигнато 147 погодоци.

Машка младинска лига, 16. коло, резултати:
Куманово – Бутел 30:30 (15:11)
Тино Стојановски 13/Христијан Гурмешевиќ 11
Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 24:25 (12:8)
Андреј Дамчевски 6/Јован Симоновски 10
Тиквеш – Пролет 27:44 (12:18)
Мартин Тодоров 7, Димитриј Ангелов 7/Давор Крстески 8, Марко Ѓорѓески 8
Вардар – Мулти Есенс 25:41 (9:21)
Давид Најдовски 4, Иван Ќурчиев 4/Јован Петрески 8
Вардар Неготино – Алкалоид 22:53 (11:25)
Јован Јовановски 11/Максим Гарбески 9, Андреј Ѓорѓески 8

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT