Акционерите на „Платформата за ракометна Битола“, Општина Битола и компанијата Еурофарм, денес и официјално го продолжија договорот за соработка, обезбедувајќи стабилност и сигурна иднина за битолскиот ракомет.
Во спортската сала Боро Чурлевски, градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на клубот и на компанијата, Зоран Стерјев, го ставија својот потпис на третиот договор во рамките на платформата, со што официјално беше продолжена стратешката соработка.
Со оглед на тоа што актуелниот договор истекува на крајот од сезоната, овој чекор значи обезбедување стабилен буџет, континуитет во работата и формирање посилен тим кој ќе атакува на нови трофеи. Акционерите испратија јасна порака, проектот продолжува со уште поголеми амбиции.
Еурофарм Пелистер вечерва ќе го одигра последниот домашен меч во Лигата на шампионите за оваа сезона, а ривал е ПСЖ.