Белгија – Македонија (ВО ЖИВО)

214

Женската сениорска репрезентација на Македонија вечерва против Белгија ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски мора да ги добијат двата дуели против Белгија за да останат во игра за настап на континенталниот собир.

Натпреварот започнува во 20:10 часот, а може да го проследите на овој ЛИНК (потребна е претходна регистрација и претплата на ЕХФ ТВ), како и на МРТ 3 каналот, односно ОВДЕ, и на Арена Спорт ТВ.

Реванш дуелот меѓу двете селекции ќе се одигра на 7 март во Куманово.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT