Срце, карактер и бод против гигантот ПСЖ (ФОТО)

110

Последната европска вечер во Битола за оваа сезона не донесе победа, туку нешто многу поголемо. Уште еднаш потврди дека Еурофарм Пелистер знае да се носи со европските гиганти и дека салата „Боро Чурлевски“ останува тврдина и кога на спротивната страна стои гигант како ПСЖ ( клуб кој можеби го има најголемиот буџет во Европа). 

Кога изгледаше дека бодовите заминуваат за Париз, сѐ случи чудо. Десет секунди до крај, минус еден и напад за гостите, сценарио што ретко кој го преживува, но Битола верува до последен здив.

Хеидарирад им одбрани на гостите, а потоа топката дојде до Манасков, кој со ладнокрвна реализација го запечати ремито што се славеше како победа.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT