Екипата на Вардар со победата над Бенфика во 3. коло од главната фаза од Лигата на Европа си обезбеди пласман во осминафиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Еден од најзаслужните за пласманот на Вардар е средниот бек Јака Малус, кој на дуелот со Бенфика стегна заби и настапи иако се повреди на натпреварот со Алкалоид, а средбата ја заврши со одличен учинок, девет погодоци од десет обиди.
Малус во досегашниот тек од Лигата на Европа, на девет натпревари, има постигнато 57 погодоци од 75 обиди (76% реализација), што го вбројува меѓу најдобрите играчи и стрелци во натпреварувањето.
Уште еден член на Вардар, Дмитро Хориха, исто така, има добар процент на реализација – 53 погодоци од 81 обид (65 %), што е доволно да се најде меѓу поефикасните ракометари во Лигата на Европа.
Членот на Кристијанштад, Аксел Мадсон, ги предводи стрелците во ова натпреварување со 79 постигнати погодоци.
