Ефикасен напад како Бундес тим: Бековите на Македонија постигнаа 28 гола

129

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија славеше против Белгија во Куманово со 33:28 во рамките на 4. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, со што си ги задржа шансите да игра на осмото ЕП.

Доколку на дуелот со Белгија бековите не беа доволно расположени, вчера ситуацијата беше спротивна – тие играа одлично и заедно дадоа вкупно 28 гола.

Најефикасна беше Марија Јанкуловска со осум погодоци, по шест постигнаа Јована Кипријановска, Сара Стефаноска и Ива Младеновска, а од бековите, Андреа Седлоска двапати се запиша во листата на стрелците.

Во нападот, дополнителна вредност беа и Ивана Гакидова и Ивана Џатевска, двете водеа битки на линијата од шест метри и изнудуваа исклучувања.

Големиот талент Ива Младеновски во центарот на ЕХФ

Ваквите победи и статистика годат, особено кога бековите покажуваат супер квалитет.

Во последните две квалификациски кола, нашата репрезентација ќе ја пречека Германија (8 април), а потоа ќе гостува кај Словенија (12 април).

 

Андреа Илиќ блескаше против Белгија – партија за чиста десетка

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT