Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски по кој знај пат имаше одлична партија во дресот на Битигхајм.
Во натпревар од 23. коло на Втората Бундес лига, Томовски и неговиот тим забележаа 17-та сезонска победа, откако триумфираа над неговиот поранешен клуб – Лудвигсхафен.
Битигхајм победи со 31:24, а Македонецот беше факторот што ја направи разликата, завршувајќи го натпреварот со 15 интервенции.
Клубот на Томовски останува на лидерската позиција на табелата, со четири бода предност пред Балинген, кој има натпревар помалку.