Во Куманово ќе се бие битка за последниот патник во младинскиот плеј-оф

173

Овој викенд ќе се одигра последното коло од регуларниот дел од младинската лига во машка конкуренција, по што ќе биде познато која екипа последна ќе им се придружи на петте најдобри.

Пласман во плеј-офот веќе обезбедија актуелниот лидер и бранител на титулата, Мулти Есенс, потоа Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Бутел и Алкалоид.

За последното, шесто место во игра се две екипи – Куманово, кој со 17 бода засега е шестопласиран, и тимот на Еурофарм Пелистер, кој има бод помалку од кумановци.

Токму овие две екипи ќе се сретнат во последното коло, а на кумановци им одговара и реми. Битолчани, пак, ќе мора да победат за да се пласираат во плеј-оф фазата.

Во плеј-аутот ќе играат Тиквеш, Вардар, Вардар Неготино и една од овие две екипи. И до двата сегменти, одново ќе се игра по еднокружен систем, а екипите ги пренесуваат сите освоени бодови од регуларниот дел.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT