Во Свети Николе ништо ново – убедлива победа за Овче Поле Славјански Универзитет

249

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет им се вратија на победите во прволигашката конкуренција, откако во натпревар од 17. коло рутински ја совладаа најмладата екипа на сениорско ниво Шампион.

Домаќинките доминираа во двете полувремиња, а крајниот резултат од 41:13 (26:6) јасно покажува како течеше натпреварот.

Најефикасна на натпреварот беше Анастасија Сентовска со 12 погодоци, осум постигна Наталија Манева, додека Јована Ангеловска додаде седум. Кај гостинките, Јована Васовска се истакна со шест гола.

Следен предизвик за избраничките на Илија Бетувски ќе биде Куп натпреварот против Деспина.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT