Младеновска Кузмановска кажа СТОП: Им одбрани 17 удари на битолчанки!

264

Тимот на Астибо во натпревар од 17. коло од најквалитетното женско сениорско натпреварување во Македонија запиша важна победа на свој терен.

Штипјанки доминираа на дуелот против Пелистер и триумфираа со 29:17 (16:8). Со оваа победа, избраничките на Дејан Величков направија голем исчекор во борбата за опстанок во елитата. Сега имаат девет бода, еден повеќе од Спартак, односно пет повеќе од последнопласираниот Пелистер.

По завршувањето на првенството, последнопласираниот тим од суперлигашката конкуренција ќе се бори за опстанок, а ривал ќе му биде второпласираниот од Првата лига.

На денешниот меч во Штип, повторно свое шоу меѓу стативите имаше голманка Кристина Младеновска Кузмановска. Искусната голманка на гостинките им одбрани дури 17 удари.

Младиот тим од Битола немаше решение како да го пронајде патот до домашната мрежа, а за пофалба е и одличната игра на Анастасија Тодоровска, која постигна 12 погодоци за гостинскиот тим.

Утре ќе се одигра и дербито на колото меѓу Ѓорче Петров и Чаир. Натпреварот е закажан за 19:00 часот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT