Ракометно дерби и во Кавадарци: Кој ќе заврши како петти по 2. коло?

189

Викендов ќе се одиграат натпреварите од 2. коло од суперлигашкиот плеј-оф, а в недела во Кавадарци тимот на Тиквеш ќе биде домаќин на Бутел.

Со оглед на тоа што станува збор за екипи кои имаат ист број бодови на табелата (22), повторно се очекува неизвесен натпревар.

На првата меѓусебна пресметка, која беше одиграна во Кавадарци, домаќините славеа со 25:24, додека на вториот меч избраниците на Горан Кузманоски беа подобри со 33:25.

Петтопласираниот тим би можел да заигра во Европскиот Куп, па натпреварот во Кавадарци ќе биде од голема важност за двете екипи.

Правдата на овој дуел ќе ја делат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Натпреварот е закажан со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Јасмин“.

Супер лига, плеј-оф, 2. коло, распоред:
14.03, 18:00, Охрид – Алкалоид
15.03, 18:00, Тиквеш- Бутел Скопје
15.03, 19:00, Еурофарм Пелистер – Вардар

ТАБЕЛА

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT