Овче Поле Славјански Универзитет ќе игра четвртфинале во Купот – доминираше пред својата публика

180

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет пред својата публика славеше убедлива победа против Деспина со 38:19 (14:8), во елиминациското коло од Купот на Македонија.

Избраничките на Илија Бетувски одиграа доминантно во вториот дел, во кој гостинките од Прилеп како да кренаа раце, дозволувајќи им на домаќинките лесно да стигнуваат до голови.

Најефикасна во победничката екипа беше Јована Ангеловска со девет погодоци, а по шест имаа Јована Конева и Анастасија Сентовска. Кај Деспина, искусната Мери Гичева беше прв стрелец со седум погодоци.

Пред денешниот натпревар, овие две екипи во средата одиграа натпревари од 17. коло од Женската лига и двете славеа убедливи победи. Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет триумфираше против Шампион со 41:13, додека Деспина беше подобра од Јехона со 25:14.

Освен клубот од Свети Николе, пласман во четвртфиналето обезбедија и екипите на Пелистер, МРК Ѓорче Петров, Атлетик и Куманово, додека директен пласман имаат првиот тим на Ѓорче Петров и Чаир.

Последниот патник во четвртфиналето ќе биде познат по вечерашниот дуел меѓу Јехона и Спартак, натпревар во кој скопскиот тим е голем фаворит против младиот ростер од Гостивар.

Куп на Македонија, жени, елиминациско коло:
Пелистер  – Стружанка 34:23 (16:11)
Даниела Шиниковска 8, Анастасија Тодоровска 8, Сара Котевска 7/ Еџе Сејадин 9
Астибо – Атлетик 26:30 (11:15)
Марија Анчева 10, Сара Богојеска 7
Шампион – Куманово 14:48 (8:29)
Катерина Тосеска 5/Меланија Јовановска 9,  Маријана Азеведо 9, Росана Павлова 8
Вардар – МРК Ѓорче Петров 28:29 (17:12)
Леона Миленкоска 10, Бојана Ѓеоргиевска 12
Овче Поле Славјански Универзитет – Деспина 38:19 (14:8)
Јована Ангеловска 9/Мери Гичева 7
15.03, 20:00, Јехона – Спартак

 

Прволигашот МРК Ѓорче Петров на пенали го елиминираше Вардар од Купот

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT