Младост го покажа квалитетот и во Свети Николе

146

Со натпреварот меѓу екипите на Овче Поле и Младост беше комплетирано 18. коло во прволигашката конкуренција, во која клубот од Богданци останува единствениот тим без загубен бод.

На натпреварот во Свети Николе, домаќините го имаа расположениот Александар Димитров, кој постигна 11 погодоци, но неговата ефикасност не беше доволна за барем почесен пораз.

Избраниците на Горан Андоновски триумфираа со 36:21 (15:11), забележувајќи ја 16-та сезонска победа, а до директен пласман во Супер лигата ги делат само неколку чекори.

Победничката екипа беше предводена од Лазар Адамовиќ и Даниел Андоновски, кои постигнаа по седум погодоци, шест имаше Никола Димитров, додека Зоран Стојановски погоди пет пати.

Ова беше одлична можност за љубителите на ракометот во Свети Николе да ги видат квалитетите на, најверојатно, новиот суперлигаш за следната сезона.

Прва машка лига, 18. коло, резултати:
Овче Поле – Младост 21:36 (11:15)
Александар Димитров 11/Лазар Адамовиќ 7, Даниел Андоновски 7
Партизан – Драчево 24:47 (12:23)
Јован Гетов 5/Михаил Цветановски 8
Преспа – Аеродром 25:31 (11:17)
Христијан Ристевски 16/Бојан Поповски 9
Македонија ЃП – Јехона 40:29 (18:13)
Бојан Чакалиќ 8, Михаел Тотиќ 8/Адис Салиу 11
Вардар Неготино – Текстилец 41:32 (20:17)
Ѓорѓи Орешков 11, Наќе Ѓорѓиев 11/Лазар Стојанов 8
Мулти Есенс – Кичево 55:20 (28:14)
Стефан Ѓоргиевски 10, Стефан Ѓорѓиески 10/Огнен Вардовски 6, Благој Христоски 6
Шампион – слоб.

ТАБЕЛА

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT