ЕХФ недела: Кристијан Анастасовски дополнително повикан за дуелот со Австрија

133

Машката сениорска репрезентација на Македонија за време на ЕХФ неделата ќе одигра пријателски меч со Австрија во рамките од ЕХФ неделата.

Овој дуел ќе биде важна проверка на формата и подготвеноста на нашите репрезентативци пред претстојниот бараж за пласман на Светското првенство 2027. Македонија за пласман на Мундијалот ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Украина и Словачка.

Лазаров за овој собир, кој стартуваше денес, повика 19 ракометари, а дополнителен повик доби кружниот напаѓач на Вардар, Кристијан Анастасоваки, кој ќе биде на местото на Марко Стојковиќ.

Од поискусните за оваа акција отпаднаа Никола Митревски, Жарко Пешевски, Дејан Манасков…додека поради повреда отпадна и членот на Алкалоид, Игор Ѓорѓиев.

Македонија и Австрија ќе тестираат в сабота од 18:00 часот во Брегенц.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT