Кожув на свој терен го сруши шампионот

130

Актуелниот шампион МЗТ Скопје доживеа неочекуван пораз во домашното првенство, откако на гостувањето во Гевгелија беше совладан од Кожув со 88-80 во натпревар од 20-то коло.

Домаќините уште од самиот старт најавија дека ќе бидат сериозен противник. Првата четвртина ја добија со 24-21, а иако разликата не беше голема, Кожув повеќе ја посакуваше победата.

Решавачкиот момент се случи во третиот период, кога домаќинот направи серија и во еден момент стигна до двоцифрена предност од +11. МЗТ Скопје, кој настапи без неколку клучни играчи, немаше одговор на налетот на Кожув, па разликата дополнително се зголемуваше.

Во последната четвртина, тимот на Кожув дојде и до највисоки +13, но гостите не се предадоа, се обидоа да се вратат во игра, создадоа неколку шанси за пресврт, но не реализираа во клучните моменти, што домаќините знаеа тоа да го казнат и да обезбедат победа, за нив11-та во досегашниот тек од сезоната.

Најефикасен во победничкиот тим беше Пурвис со 24 поени, 16 имаше Брајан Ламар Боувен, а со 14 поени заврши Никола Бојчев. Кај МЗТ Скопје се издвои Мекејден со 18 поени.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT