Реваншот меѓу Македонија и Словачка ќе се игра во Скопје

82

Машката сениорска репрезентација на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство 2027 ќе се бори против селекцијата на Словачка.

Ракометарите на Словачка го минаа вториот бараж, откако ја елиминираа Украина. На првиот дуел триумфираа со 27:24, додека на денешниот реванш меч загубија со 32:31.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Словачка ќе се игра на 13 или 14 мај, а дополнително треба да биде познат и градот домаќин, додека реваншот ќе се игра во Скопје на 16/17 мај.

 

Македонија за пласман на Светското првенство ќе се бори против Словачка

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT