Берлин му нуди на Фленсбург 1,5 милиони евра за предвремено заминување на Питлик

44

Според информации на данскиот TV 2 Sport, раководството на Фуксе Берлин сака да го доведе Симон Питлик уште ова лето, иако неговиот договор со берлинскиот клуб официјално треба да започне по завршувањето на сезоната 2026/27.

Данскиот репрезентативец веќе има потпишано договор со „лисиците“, но од Берлин сега работат на тоа трансферот да се реализира една година порано од предвиденото.

Според истиот извор, клаузулата за откуп на Питлик во 2027 година изнесува 500.000 евра, додека за евентуален трансфер во летото 2026 година, Фуксе Берлин понудил дури 1,5 милиони евра за да го убеди Фленсбург порано да се откаже од данскиот бек.

Како ќе се одвиваат преговорите и дали Питлик ќе го напушти Фленсбург по крајот на актуелната сезона, останува да се види.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT