Тиквеш славеше над еден од ривалите за место меѓу најдобрите осум екипи, тимот на Куманово, со 92-86 во последниот меч од 20. коло од Супер лигата и направи голем исчекор кон плеј-офот.
Во последните две кола од регуларниот дел од сезоната, кавадарчани ќе играат против Пелистер на гости и против ТФТ на домашен терен. Иако на стартот од сезоната не му тргна добро, сепак тимот на Тиквеш успеа да се консолидира, а победата против Куманово беше деветта сезонска, односно трета во последните четири натпревари.
Што се однесува до натпреварот, по израмнетиот почеток, кавадарчани во втората четвртина ја преземаа контролата и во продолжението го диктираа темпото. Во финишот имаа и „плус 16“, а Куманово само успеа да го ублажи поразот.
Најефикасни кај Тиквеш беа Глигоријевиќ и Радукиќ со по 20 поени, а кај Куманово исто толку уфрли Радукиќ.
РЕЗУЛТАТИ 20.КОЛО:
Работнички – Ангели 107:67
Гостивар – Маџари 86:66
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром 88:80
Чаир 2030 – Феникс 2010 67:81
ТФТ – Пелистер 99:84
Тиквеш Голден Игл – МКК Куманово 92:86