Познат терминот за прволигашкото дерби во Автокоманда

177

Прволигашкото дерби меѓу двете водечки екипи на табелата, Мулти Есенс и Младост Богданци, ќе се одигра в сабота во Автокоманда со почеток од 15:00 часот.

Станува збор за натпревар од 20. коло во кој ќе се сретнат двата главни кандидати за директен пласман во Супер лигата.

Младост досега има максимален ефект, додека Мулти Есенс единствениот пораз сезонава го претрпе токму од тимот од Богданци, и тоа на првата меѓусебна средба кога избраниците на Горан Андоновски славеа со 31:30.

Со оглед на формата на двата тима и важноста на бодовите, се очекува неизвесен и возбудлив дуел во Автокоманда.

ТАБЕЛА

 

Викендов дерби во Автокоманда што може да го реши патникот во Супер лига

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT