Утре ќе се одиграат два дерби дуели од плеј-оф сегментот во младинската машка лига. Тимот на Алкалоид, кој во првото коло славеше над Еурофарм Пелистер 2, на свој терен ќе го пречека Пролет, екипа која ќе атакува на својата 15-та сезонска победа.
Алкалоид на своето конто има 22 бода и е далеку од борбата за титулата, но посакува сезоната да ја заврши на што повисока позиција, па затоа домаќините ќе бидат максимално мотивирани да го дадат најдоброто од себе. Пролет, пак, кој располага со одлична база на кадетски репрезентативци, има 28 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер 2.
Второто дерби ќе се одигра во Битола, каде што Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека актуелниот бранител на титулата и лидер на табелата – Мулти Есенс. Останатите две екипи од плеј-офот, Куманово и Бутел, својот меѓусебен дуел ќе го одиграат на 6 април.
Младинска машка лига, плеј-оф, 2. коло, распоред:
04.04, 12:30, Алкалоид – Пролет
04.04, 15:30, Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс
06.04, 20:00, Куманово – Бутел