Од Спартак порачуваат: Не доаѓаме да учествуваме, туку да играме финале

145

Денеска во Струмица стартуваат полуфиналните дуели од Ф4 турнирот од Купот на Македонија во машка конкуренција, додека дамите своите полуфинални натпревари ќе ги одиграат в сабота. Финалето, и во машка и во женска конкуренција, е закажано за 19 април (недела).

Дебитант кај дамите ќе биде тимот на Спартак, кој во својата клупска историја го оствари најголемиот успех со пласманот на Ф4 турнирот.

Спартак пласманот на Ф4 го обезбеди откако во четвртфиналето го елиминираше лидерот од Првата лига, Атлетик, во натпревар кој беше исполнет со неизвесност и борба до самиот крај.

Овој клуб во вториот дел од сезоната игра одлично, а дополнително доби на квалитет со искусните засилувања – Анастасија Николовска, Сара Цветановска, Амра Терзиќ, Слободанка Кицеска, Ива Божиноска и интернационалката од Црна Гора, Сузана Зечевиќ.

Клубот од Кисела Вода во полуфиналето за ривал го има вицепрвакот, тимот на Чаир, кој во оваа пресметка влегува како фаворит. Сепак, тренерот на Спартак, Велимир Мицевски, е оптимист и верува дека неговите избранички можат до финале.

„Не доаѓаме да учествуваме – доаѓаме да играме финале. Ако некој сака да нè победи, ќе мора сериозно да се испоти за тоа. Пресудно во полуфиналето ќе биде кој ќе ја наметне својата игра и кој ќе издржи под притисок. Ако Спартак игра како што знае, ќе биде многу тешко некој да нè сопре“, изјави Мицевски за Спортска Димензија.

 

РАСПОРЕД:
18 април
17:00 – Пелистер – Ѓорче Петров
20:00 – Спартак – Чаир
Финалето на 19 април е закажано за 17:00 часот.

 

Со младински состав на Ф4: Битолчанки по искуство повеќе во Струмица

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT