Радовиш се враќа ранг подолу, а Струга ќе игра бараж за опстанок

180

На четири кола пред крајот на сезоната во Супер лигата, веќе е познато кој (барем засега) го загуби суперлигашкиот статус. Во понизок ранг, односно во Првата лига, се враќа Радовиш, тим кој во сезона 2023/24 преку бараж се избори за камбек во елитата по едногодишна пауза, но сега повторно ќе се натпреварува во втората по ранг лига.

Струга втора сезона по ред ќе игра бараж за опстанок. Стружани лани преку баражот против Мулти Есенс останаа меѓу најдобрите, додека оваа сезона по се изгледа во баражот ќе се соочат со Младост Богданци.

Сепак, ситуацијата може да добие поинаков тек. Од клубот од Богданци вчера преку социјалните мрежи изразија незадоволство од судењето во Кисела Вода и најавија можност за повлекување од првенството. Доколку Младост, на три кола пред крајот од Првата лига, се повлече, тогаш во баражот најверојатно би играл Драчево Јуниор.

Што ќе се случи, ќе биде познато утре кога раководството на Младост ќе ја донесе конечната одлука.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT