Машката кадетска репрезентација на Македонија ја продолжи победничката низа во последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство во училишен ракомет.
Избраниците на Горан Кузманоски немаа поголеми проблеми против Саудиска Арабија и триумфираа со 23:11, со што изборија пласман во полуфиналето.
На дуелот против Саудиска Арабија, одличен меѓу стативите беше голманот Мелин Фехми, кој забележа 20 интервенции.
Во еден момент, и со двајца играчи повеќе, ривалот не успеа да го совлада талентираниот голман на Еурофарм Пелистер 2.