Кадетките ја затворија сезоната: Еџе Сејадин најдобар стрелец

367

Со натпреварот меѓу Овче Поле Славјански Универзитет и Деспина се затвори сезоната во кадетската лига во женска конкуренција.

На натпреварот, одигран во Свети Николе, немаше победник, откако членката на Деспина, Анастасија Јовановска, во последните секунди од пенал ги постави конечните 24:24.

Двете екипи можат да бидат задоволни од прикажаното во сезоната. На теренот блеснаа некои нови таленти, па така во иднина сигурно ќе имаат поголема минутажа на сениорско ниво.

Најдобар стрелец за оваа сезона во кадетската лига е членката на Стружанка, Еџе Сејадин, која на вчерашниот дуел на сениорско ниво против Јехона постигна 20 погодоци.

Сејадин сезоната во кадетската лига ја заврши со 86 погодоци на осум одиграни натпревари, односно 10,75 по натпревар. Анастасија Јовановска од Деспина заврши на второто место со 67 погодоци на осум натпревари, а во ТОП 5 се уште Матеа Христоска (Деспина) – 55, Мила Ристовска (Вардар) – 53 и Мила Николовска (Вардар) – 46.

Вардар ја одбрани титулата во оваа категорија, а Деспина заврши на второто место.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT