Ангели славеа во дербито против Маџари, Мега баскет ги декласираше аеродромци

296

Во дерби натпреварот од 3. коло од Втората кошаркарска лига меѓу екипите на Маџари и Ангели, на победа се радуваа гостите, кои триумфираа со 83:81 и сега имаат ,,три од три”. Тимот на Ангели е единствената екипа без пораз, а во следното, 4. коло од второлигашката конкуренција избраниците на Игор Гацов ќе имаат шанса за нова победа, бидејќи ќе гостуваат во Струга кај Црн Дрим.

Теон Богатиновски одигра одлично и дерби дуелот го заврши како најдобар, со 28 поени, а го следеше Ангел Стојанов со 21 реализација. Во поразениот табор прво име беше Алек Петкоски, даде 19 поени, Даниел Нацевски 17, а искусниот Милорад Миновски уште 16 поени.

Екипата на Мега Баскет од Прилеп на свој терен одигра фуриозно против МЗТ Скопје Уни Банка, славеше со 28 разлика, 93:65, По четвртини: 27:13, 20:14, 19:18, 27:20. Домаќините прецизни беа и од далечина, од позициите за три поени, така што им успеа да погодат дури 14 тројки, а аеродромци постигнаа само шест тројки.

Мега Баскет во победата беше предводен од капитенот Стефан Стевананџија, кој постига 25 поени, втор стрелец беше Андреј Стојановски со 13, додека Давид Настески и Кристијан Домлески имаа три помалку, односно 10.

За прилепскиот тим ова беше втор сезонски триумф, по оној во првото коло против Академија ПМФ. Избраниците на Мико Голубовиќ во вториот сезонски натпревар беа поразени од штипскиот Соколи.

Прва сезонска победа оствари довчерашниот прволигаш Охрид, кој на свој терен славеше против Академија ПМФ со 89:64. На победа во третото коло се радуваа уште екипите на Црн Дрим и Борец Баскет. Третото коло ќе биде комплетирано со утрешниот дуел меѓу Бутел и Водно Санс.

Втора лига, 3. коло, резултати:
Охрид – Академија ФМП 89:64
Маџари – Ангели 81:83
Мега баскет – МЗТ Скопје Уни Банка 93:65
Работнички – Црн Дрим 78:83
Борец баскет – Соколи 96:75

ТАБЕЛА: Ангели 6, Маџари 5, Мега баскет 5, Борец баскет 5, Соколи 4, МЗТ Скопје 5, Црн Дрим 5, Работнички 4, Охрид 4, Академија ФМП 3, Бутел 2 (-1), Партизан Водно Санс 2 (-1)

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе