Пионерскиот тим на Алкалоид е нов шампион на Македонија во оваа конкуренција, откако во финалето на Ф4 турнирот во Автокоманда славеше над довчерашниот шампион Охрид со 28:20.
Третото место го освои Мулти Есенс, кој по поразот од Алкалоид во полуфиналето, успеа да триумфира над Еурофарм Пелистер 2 со 26:22 и да го освои бронзениот медал.
За МВП на Ф4 турнирот беше прогласен Петар Митев од новиот шампион, додека неговиот соиграч Мартин Пандиловски го доби признанието за најдобар голман. Играчот на Еурофарм Пелистер 2, Данаил Христовски го доби признанието за најдобар стрелец (15 погодоци).