Екипата на Мулти Есенс во следната натпреварувачка сезона ќе игра во најквалитетното домашно ракометно натпреварување, откако ја освои титулата во Првата лига.
Младиот тим предводен од тренерот Миле Бочкаровски во последното коло пред својата публика славеше над Драчево Јуниор со 39:25, а тоа значеше освојување на првото место на табелата.
Мулти Есенс сезоната ја заврши со 23 победи и само еден пораз – оној на гостински терен против директниот конкурент за пласман во Супер лигата, Младост Богданци, кој сезоната ја заврши со биланс од 22 победи, едно реми и еден пораз.
За Мулти Есенс ова претставува кам-бек во Супер лигата по пауза од две години, бидејќи клубот во домашната елита настапуваше во сезоната 2023/24.
Сигурно е дека во наредната сезона домашната ракометна јавност со големо внимание ќе го следи овој млад тим, во кој има многу таленти.