Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 во новата натпреварувачка сезона на позицијата пикер ќе го има на располагање талентираниот кадетски репрезенативец Јован Симоновски.
17-годишниот пивот е производ на школата на Еурофарм Пелистер и беше дел од генерацијата која минатата година испиша историја во Европа и се пласираше на Ф4 турнирот во младинската Лига на шампиони.
Со Еурофарм Пелистери и во во оваа сезона настапи во Лига на шампионите за млади, каде што стекна драгоцено искуство за во иднина.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 оваа сезона обезбедија опстанок во суперлигашкото друштво, а плеј-аут фазата ќе ја завршат на втората позиција. Во конечниот пласман, битолскиот тим ќе ја освои осмата позиција.