Еурофарм Пелистер активно работи на составување на тимот за новата натпреварувачка сезона, во која ќе атакува на враќање на шампионската титула.
Битолчани денеска се пофалија со потписот на левиот бек Малик Татар, кој е најдобар стрелец во словенечкиот шампионат. Татар има 20 години и важи за голем потенцијал во својата татковина, а во тековната сезона настапуваше како позајмен играч од Шкофлица во Слован, кај селекторот на Словенија, Урош Зорман.
Довчерашниот шампион на Македонија претходно, покрај новиот тренер Лино Червар, се засили и со Мартин Серафимов, Миха Котор, Ненад Белистојаноски и Едвин Џелиловиќ.
,,Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи. Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер. Се работи за словенечки потенцијал, со проекција за голема кариера и сигурен напредок. Тој е роден во Целје, се афирмира во Горење Велење, а ги мина и сите младински категории на словенечката репрезентација. Татар се обврза на двегодишен договор со нашиот клуб и ќе биде претставен на почетокот на подготовките за следната сезона”, се вели во соопштението на битолскиот клуб.