Двајца таленти од Прилеп стекнуваат искуство во бундеслигашки клуб

175

Младите ракометари на Прилеп, Бојан Наскоски и Марко Ивчев, во моментот престојуваат во Германија, каде што се дел од тимот на Либек.

Наскоски и Ивчев настапуваат за младинската екипа на германскиот клуб, односно селекцијата до 17 години, која се натпреварува во Јуниор Б лигата.

Двајцата прилепчани се вклучени и во МТВ Кампус програмата, развоен проект на истоимениот клуб кој се натпреварува во Втората Бундес лига и е познат по одличната работа со младинските категории.

Во штотуку завршената сезона во Македонија, Наскоски беше дел од најдобрите стрелци во пионерската лига, постигна 107 погодоци на 15 одиграни натпревари, додека Ивчев зад своето име запиша 55 во оваа конкуренција.

Од редовите на клубот во минатото произлегоа неколку успешни ракометари, меѓу кои и германскиот репрезентативец и актуелен член на Алборг, Јури Кнор.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT