Браќата Мартинс делегирани за европското финале во Охрид

104

Ракометарите на Охрид на 31 мај пред својата публика ќе го одиграат реванш натпреварот од финалето на Европскиот Куп против Татабања.

Избраниците на Ројевиќ на првиот дуел во Унгарија славеа со 29:28, а победата можеше да биде и поубедлива доколку македонскиот претставник имаше, во најмала рака, коректно судење од молдавскиот судиски пар Виктор Сердиук и Доријан Сирбу.

На реваншот в недела во СРЦ „Билјанини Извори“ (20:00 часот), правдата ќе ја делат португалските судии, браќата Роберто и Даниел Акото Мартинс.

Интересно е што овие судии беа делегирани и за ланското реванш финале во истото натпреварување, кое требаше да се игра во Скопје меѓу Алкалоид и АЕК Атина, но дуелот не се одигра бидејќи гостинскиот тим одби да излезе на теренот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT