Довчерашниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, во последното коло од суперлигашкиот плеј-оф славеше пред својата публика против Алкалоид со 31:26 и го освои второто место.
Во исполнетата сала „Боро Чурлевски“, последниот натпревар во дресот на пелистерци го одиграа Домен Тајник, Илија Абутовиќ, Усама Хосни и Богдан Радивојевиќ, кои по крајот на средбата добија овации од домашната публика и навивачката група „Чкембари“.
Битолските навивачи по натпреварот испратија порака до капитенот Филип Кузмановски и Дејан Манасков, извикувајќи Фитиљ остани, Деки остани…посакувајќи двајцата да останат во клубот и во наредната сезона, со оглед на тоа што нивниот статус сè уште не е дефиниран.
Еурофарм Пелистер ја затвори сезоната со победа – второто место за битолчани!