Лука Чучанов меѓу најдобрите во италијанската У19 лига

14

Македонецот Лука Чучанов во својот прв интернационален предизвик, како млад играч, прикажува забележителни партии во Италија.

Гевгеличанецот, кој настапува за младинските категории на Естра Пистоја, заврши како осми најдобар шутер во У19 лигата, што е уште еден доказ дека Македонија има голем бисер.

16-годишниот Чучанов минатата година, на Европското кадетско првенство од Б-дивизијата во Скопје, заврши меѓу ТОП 3 скокачи и постигна 64 поени на седум одиграни натпревари, односно имаше просек од 9,1 поен по натпревар.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT