Повратникот во Супер лигата, Младост, продолжува да го гради тимот за новата сезона, а раководството на клубот повторно се насочи кон сопствените младински кадри.
Следен кој доби професионален договор е 17-годишниот Никола Тасев, кој е еден од најталентираните играчи од школата на клубот од Богданци.
Младиот лев/среден бек со своите настапи и посветеност го заслужи местото во сениорскиот состав, па така во следната сезона ќе има можност да заигра во најквалитетното домашно натпреварување.
Тасев ги направи првите ракометни чекори во Младост, ги помина младинските категории на клубот и сега ќе биде дел од проектот на богданчани во македонската елита.
Младост го задржа и младинскиот репрезентативец Ѓорѓе Атанасов, а претходно беше продолжена соработката со тренерот Горан Андоновски, левиот бек Даниел Андоновски и голманот Живојин Илиќ.
Тимот како први засилувања ги промовираше Тодор Узунчев (Бутел Скопје) и Славе Јанковски (Радовиш).