Овче Поле Славјански Универзитет со нови договори за Станчева, Ангеловска, Конева и Димчева

102

Прволигашот Овче Поле Славјански Универзитет ја продолжи соработката со четири ракометарки за следната натпреварувачка сезона. Станува збор за Ивана Станчева, Јована Ангеловска, Јована Конева и Викторја Димчева.

Сите четири се прикажаа во солидно светло во сезоната која измина, а дел од нив се и стипендистки на Меѓународниот Славјански Универзитет.

Овче Поле Славјански Универзитет во изминатата сезона беше дел од прволигашката конкуренција и го освои третото место.

Во следниот период се очекува да биде познат составот за следната сезона, во која амбициите на клубот ќе бидат пласман во најквалитетното домашно натпреварување.

 

 

SPORT