Суперлигашки и странски клубови заинтересирани за Христијан Ристевски

436

Битолчанецот Христијан Ристевски, кој беше меѓу најдобрите играчи во Првата лига во штотуку завршената сезона, со своите одлични настапи во дресот на Преспа го привлече вниманието на неколку клубови.

Бекот зад своето име запиша 168 погодоци на 19 одиграни натпревари, со што ја заврши сезоната како петти најдобар стрелец во прволигашката конкуренција. Неговиот просек изнесуваше 8,84 голови по натпревар, што потврдува дека беше и меѓу играчите со најдобар просек.

Блескавите изданија на Ристевски не останаа незабележани, па во периодот кој следи тој ќе треба да донесе одлука за следниот чекор во својата кариера. За неговите услуги постои интерес од неколку суперлигаши, но позитивна вест е што битолскиот ракометар се најде и на радарот на клубови од странство.

Ристевски потекнува од ракометната школа на Еурофарм Пелистер, има забележано настапи и за првиот тим на битолскиот тим, а беше дел и од ,,двојката”.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT