Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во претседателската резиденција оствари средба со машката и женската кадетска ракометна репрезентација, по нивниот одличен настап на Светското училишно ракометно првенство.
Младите македонски ракометари и ракометарки на шампионатот, кој се одржа во Скопје, стигнаа до одлични резултати и се закитија со медали, испишувајќи уште една успешна спортска приказна. Кадетите го освоија првото место, додека кадетките се радуваа на сребрениот медал.
На средбата, Сиљановска-Давкова им упати честитки за постигнатиот успех, истакнувајќи дека со својот труд, борбеност и посветеност го претставиле македонското знаме во најдобро светло.