Во сезоната што измина, најдобар стрелец во прволигашката конкуренција беше ракометарот со интернационално искуство, Адис Салиу од Јехона.
Салиу сезоната ја заврши како прв стрелец со 223 погодоци на 23 одиграни натпревари и беше еден од најзаслужните за добрите резултати на клубот од Гостивар.
И во следната сезона Јехона ќе може да смета на неговите услуги, бидејќи искусниот ракометар ќе продолжи да настапува за клубот од својот роден град, дознава Спортска Димензија.
Во вториот дел од сезона 2021/22, Салиу одлучи да се проба во странство, настапуваше на Косово, каде што го носеше дресот на Кастриоти и стекна драгоцено искуство.