Од Пелистер во Вардар: Големиот талент Анастасија Тодоровска во „црвено-црното“ семејство

114

Како што најави Спортска Димензија, кадетската репрезентативка на Македонија, Анастасија Тодоровска, и официјално е нова ракометарка на ЖРК Вардар. Битолчанката во редовите на поранешниот шампион на Македонија пристигнува од Пелистер, каде што во изминатата сезона се наметна како една од најталентираните млади ракометарки во македонскиот женски ракомет.

Тодоровска (десен бек, генерација 2008) зад себе имаше одлична сезона. Во сениорска конкуренција постигна 156 погодоци и беше меѓу најефикасните ракометарки во Женската лига, додека во младинското првенство со 52 гола се најде на второто место на листата на стрелците.

Талентираната ракометарка со репрезентацијата на Македонија го освои сребрениот медал на Светското првенство во училишен ракомет, а со нејзиниот ангажман Вардар продолжува доследно да ја спроведува својата стратегија за создавање силен тим составен од перспективни македонски ракометарки.

Покрај обврските во домашното првенство, Вардар во новата сезона ќе настапува и во Европскиот Куп.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT