Најдобриот суперлигашки стрелец од 2022 останува во Кавадарци

295

Тиквеш минатата недела и официјално ги започна подготовките за новата сезона, во која кавадаречкиот тим ќе има амбиции за уште подобри резултати на домашната сцена, но и добар настап во Европа.

Раководството на клубот во изминатиот период работеше на комплетирање на ростерот, а досега во Кавадарци пристигнаа Тоше Ончев и Борјан Цековски од Куманово, потоа Мохамед Азиз Бен Махфуд, кој доаѓа од Еурофарм Пелистер 2 и Томислав Димковски од Пролет.

Покрај новите засилувања, одлична вест за навивачите е што во клубот останува и средниот бек Страхиња Симиќ. Најдобриот стрелец во Супер лигата за сезона 2021/22 и раководството на Тиквеш постигнаа договор за продолжување на соработката, па искусниот  организатор на играта и во претстојната сезона ќе биде еден од лидерите на кавадаречкиот состав.

Тиквеш минатата сезона ја оствари зацртаната цел со пласман во плеј-офот сегментот.

SPORT