Искусниот Филип Талески потпиша договор со ГРК за сезона 2026/2027 со можност за продолжување, доколку двете страни бидат задоволни од соработката. Талески Има 30 години (202 cm) и во актуелиот шампион на ЕХФ Европскиот Куп ќе го носи дресот со број 28.
Талески во тимот предводен од Борис Ројевиќ доаѓа од екипата на Татабања, Унгарија. Потекнува од школата на Металург, а рано замина во бундеслигашот Рајн Некар Левен (освои бундеслигашка титула), а во Германија играше и за Балинген. Пред тоа играше за РК Вардар и Бенфика (Португалија).