Тиквеш: Да се биде дел од Европа четири години по ред е голем успех

49

Екипата на Тиквеш четврта сезона по ред ќе игра на европска сцена, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја прифати вајлд-картата на кавадарчани за настап во ЕХФ Европскиот Куп.

Натпреварувањето во изминатата сезона го освои Охрид, додека една сезона претходно трофејот заврши во рацете на Алкалоид.

Од Тиквеш не го криеја задоволството по потврдата од ЕХФ, истакнувајќи дека новиот европски настап е признание за континуираната работа, стабилноста и напредокот на клубот.

,,По одлука на Европската ракометна федерација, нашиот клуб доби вајлд-карта за настап во новата сезона и четврта година по ред ќе ја претставува Македонија на европската ракометна сцена. Да се биде дел од Европа четири последователни сезони е потврда за стабилноста, континуитетот и работата што сите заедно ја градиме. Ова е успех на клубот, на нашите играчи, стручниот штаб, спонзорите, навивачите и на целиот град. Кавадарци повторно ќе живее европски ракомет. Се гледаме во „Јасмин“. Европа доаѓа повторно”, стои во објавата на клубот.

Освен Тиквеш, претставници на Македонија во третото по ранг европско клупско натпреварување ќе бидат и Охрид, Алкалоид и Бутел Скопје.

Тиквеш ќе тргне од првото коло, а ждрепката е закажана за 14 јули.

Во овој период, раководството на клубот активно работи на комплетирање на ростерот за претстојната сезона. Досега беа промовирани три засилувања – Тоше Ончев и Борјан Цековски, кои пристигнуваат од Куманово, како и тунискиот интернационалец Мохамед Азиз Бен Махфуд, кој во Кавадарци доаѓа од Еурофарм Пелистер 2.

ЕХФ даде зелено светло: Тиквеш повторно ќе игра на европска сцена

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT