Најдобриот стрелец и лев бек од кадетскиот Ф4 (2024) останува во Македонија Ѓорче Петров

219

Најдобриот стрелец и лев бек од кадетскиот Ф4 (2024), Панче Ристевски, останува во редовите на прволигашот Македонија Ѓорче Петров. Велешанецот во тимот на Оливер Димитриоски пристигна во вториот дел од изминатата сезона и се покажа во одлично светло, оставајќи позитивен впечаток со своите настапи.

Тоа беше доволна причина Ристевски и раководството на „лавовите“ да се договорат за продолжување на соработката, па така младиот талент во следните две сезони ќе продолжи да го носи дресот на Македонија Ѓорче Петров, каде што ќе има можност дополнително да учи од искусниот стратег Димитриоски.

Ристевски е еден од неколкуте млади таленти кои произлегоа од познатата ракометна школа на Бисинов од Велес, а во сезона 2023/24 го доби признанието за најдобар стрелец и лев бек на завршниот турнир во кадетска конкуренција. Истата година се наде и на поширокиот список за настап на Европското кадетско првенство во Црна Гора.

Македонија Ѓорче Петров пред една сезона за влакно не успеа да избори место во суперлигашкиот бараж, додека минатата сезона ја заврши во горниот дел од табелата. Тимот од Ѓорче Петров го освои четврто место.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT