Не се градеше само тимот, се средуваше и „домот“: Подобрени условите во „Млаз“!

395

Повратникот во Супер лигата, Младост, вчера го имаше првиот собир, а тренерот Горан Андоновски на располагање ги имаше ракометарите кои останаа од минатата сезона, но и новите засилувања со кои клубот ќе се обиде да избори опстанок во најквалитетното домашно натпреварување.

Позитивна вест за спортските љубители во Богданци и околината е што, паралелно со создавањето на тимот, клубот заедно со Општина Богданци, но и со поддршка од бизнис-секторот работеше и на подобрување на условите во и околу спортскиот објект „Млаз“.

Реновиран е голем дел од спортскиот објект, со цел да се создадат подобри услови за тренинзи и одигрување на натпреварите.

Младост сезоната ќе ја стартува на гостински терен против Бутел, додека во 2. коло на домашен терен ќе го пречека амбициозниот Прилеп.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT