Екипата на Прилеп денеска го означи стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која ќе атакува на место во плеј-оф сегментот во суперлигашкото друштво.
Прилепчани во новата сезона ќе влезат со изменет ростер, а покрај Андреј Стојановски (Пролет), Благојче Трајкоски (Бутел), Петар Маркоски (Еурофарм Пелистер 2) и Стефан Лозаноски (Аминтас, Грција), во клубот пристигна уште едно старо-ново лице.
Станува збор за голманот Никола Стојкоски, кој последниот клупски ангажман го имаше во прволигашот Вардар Неготино.
Стојкоски е дете на Прилеп и добро познато име на прилепската публика. Во својата кариера има брането и за екипите на Драчево Јуниор и Скопје, а сега повторно се враќа во својот матичен клуб, каде што ќе биде дополнителна опција меѓу стативите.