ОДЛИЧНА ВЕСТ: ТВ пренос од сите меча на Македонија од ЕП

1

Утре (29 јули) во Белград стартува Европското кадетско првенство во ракомет, на кое ќе учествуваат 24 репрезентации. Актуелен бранител на трофејот, освоен на шампионатот во Црна Гора (2024), е селекцијата на Шведска, а меѓу учесниците на турнирот се и нашите млади ракометни надежи.

Македонија во групната фаза за ривали ги има селекциите на Франција, Словенија и токму актуелниот шампион, Шведска. Со самиот старт на шампионатот, на терен излегуваат и избраниците на селекторот Горан Кузманоски. Прв ривал на ,,црвено-жолтите” е репрезентацијата на Словенија.

Одлична вест за македонските љубители на ракометот е тоа што ќе има ТВ пренос од сите натпревари на нашиот национален тим. 

Пренос од сите натпревари на Македонија ќе има на каналот ТВ Арена М2 Премиум“, потврди Зоран Мишевски за Спортска Димензија.

Распоред на натпревари, групна фаза:
29.07, 12:00 часот: Словенија – Македонија
30.07, 12:00 часот: Франција – Македонија
01.08, 12:00 часот: Македонија – Шведска

Само најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT