Вардар Неготино тргна во екипирање: Нови договори, нови играчи и високи амбиции!

0

Еден од „најтивките“ прволигаши во летниот трансфер период, Вардар Неготино, кој пред неколку сезони учествуваше во Супер лигата, наскоро ќе започне со екипирањето на тимот за новата сезона. Според информациите на Спортска Димензија, амбициите на неготинскиот клуб ќе бидат пласман во горниот дел од табелата, а доколку се укаже можност, тимот ќе се обиде да се вмеша и во борбата за враќање во најквалитетното домашно натпреварување.

Иако во минатата сезона Вардар Неготино влезе со високи амбиции, сепак, клубот бргу се откажа од првичните планови, па сезоната ја заврши на петтата позиција. Во вториот дел од сезоната, неготинци настапуваа исклучиво со домашни ракометари, што дополнително влијаеше врз резултатите и конечниот пласман.

Сепак, во пресрет на новата сезона работите би требало да бидат поинакви. Општина Неготино, на чело со градоначалничката Марија Нацева, е подготвена да ја зголеми финансиската поддршка и да обезбеди подобри услови за функционирање на клубот, со цел Вардар Неготино да има поконкурентен состав и да се обиде да се вмеша во борбата за највисок пласман.

Во Неготино се надеваат дека комбинацијата од засилувања, задржување на домашни ракометари и поголемата поддршка од локалната самоуправа ќе биде доволна за создавање на тим кој ќе може да се наметне во врвот на прволигашката конкуренција.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT