Македонската репрезентативка Андреа Илиќ во новата сезона за првпат ќе настапува надвор од Македонија. Голманката кариерата ќе ја продолжи во Чешка, поточно во редовите на Плзен, клуб кој е меѓу најдобрите во тамошниот шампионат.
По речиси една деценија мината во Вардар, Илиќ одлучи да направи голем чекор и првпат да се испроба на интернационалната сцена. 25-годишната голманка веќе пристигна во Плзен, каде што одработи неколку тренинзи со новиот тим, а во наредните денови се очекува и официјализирање на соработката, дознава Спортска Димензија.
Илиќ потекнува од школата на Металург, а од 2017 година беше дел од „црвено-црното“ семејство. Со некогашниот шампион на Македонија настапуваше и на европската сцена, додека во последните три сезони се етаблираше како една од најдобрите голманки во македонскиот шампионат. Со одличните настапи сосема заслужено го привлече вниманието на клубови од странство, па нејзиниот прв интернационален трансфер беше само прашање на време.