Во изминатите три сезони, еден од најдобрите пикери во најквалитетното домашно натпреварување беше интернационалецот Томислав Квастек, довчерашен член на Прилеп.
Хрватот, кој во Прилеп настапуваше од сезоната 2023/24, кариерата ќе ја продолжи во Швајцарија, во тимот на Женева. Швајцарскиот клуб денеска го претстави Квастек како големо засилување за претстојната сезона.
Освен во Македонија, 25-годишниот пикер интернационално искуство стекнуваше и во Унгарија, каде што настапуваше пред да пристигне во Прилеп. Во својата татковина ги бранеше боите на Замет, Умаг и Нексе Нашице.